Тевдовски: ЕУ поддржува изградба на инфраструктура во Македонија

 

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, оствари средба со градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов. Во фокус на средбата беа тековни и планирани инвестиции во општината, инфомираат од министерството. А со таа цел, додаваат оттаму заедно извршиле увид на градежните работи на булеварот „Првомајска“ кој во моментов се реновира.

Проектот се реализира преку проектната единица на МСИП на Светска Банка во Министерство за финансии. Средствата за негова реализација се обезбедени преку ЕУ, додаваат од министерството за финансии во своето соопштение.

„Европската Унија инвестира во инфраструктурни проекти. Нашите партнери го поддржуваат развојот со над 90 милиони евра годишно“, истакна Тевдовски.

Овие проекти се важни за локалната економија и за Владата приоритетен е економскиот развој, додаваат во соопштението.

Тевдовски заедно со градоначалникот оствари средба и со стопанствениците.

„Водиме политика со која се поддржуваат домашните компании. За прв пат има сериозна поддршка за нашите компании од Буџетот“, порача тој.

Тевдовски мешудругото нагласи и дека влезот во НАТО ќе придонесе за раст на странските инвестиции. Безбедноста е најважна за инвеститорите.

Со стопанствениците беше разговарано и за повратот на ДДВ, а министерот за финансии ги информирал дека во август има 2,7 милијарди денари поврат на ДДВ. Повратот на ДДВ кон фирмите се прави навремено и неселективно. Ова е важно за подобрување на ликвидноста, истакна министерот.

 

 

 

26.09.2018 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега