Регулаторна соопшти: Поевтинуваат бензините во Македонија
Цената на бензините од полноќ ќе се намали за 4,5 денари, на дизелот за три денари, а на екстра лесното гориво за 3,5 денари, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергтеика Марко Билсимовски.
Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53 ден/лит.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 денари за литар.
– Денеска имаме едно од најголемите намалувања на цените на бензините и дизелот од кога постои Регулаторната комисија за енергетика. Тоа не е наша заслуга, ниту претходно по наша заслуга или вина беше зголемувањето на цената на горивата, едноставно такви се трендовите на берзата за нафта. Ние само ја применуваме методологијата која што е дел од купопродажниот договор за ОКТА ратификуван од Собранието во 1999 година, изјави Бислимовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа