Големо поевтинување на нафтата: Ќе возиме значително поевтини горива
На почетокот на втората недела во пресметковниот период на РЕгулаторната комисија за енергетика, доби вести пристигнуваат од берзата во Лондон. Големиот пад на цената на стартот од претходната недела од 70 на 65 долари за барел, во изминатите десетина дена, нивото се одржува околу оваа граница.
ВО моментов барел нафта од типот „брент“ каква што се увезува во Македонија на берзата во Лондон чини 66 долари за барел. Тоа е за над 6 долари пониско од цената по која регулаторот правеше пресметки на 12 ноември.
Во вакви услови за очекување е поевтинување за најмалку 2 до 3 денари по литар.
Пред 10 дена, Регулаторната комисија за енергетика ги намали малопродажните цени на бензините за 4 односно 4,5 денари, а на дизелот за 3 денари по литар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа