Од понеделник значително поскапување на бензините и дизелот
Речи си извесно е дека од вторник ќе возиме поскапи горива. На релативно долгата серија во која регулаторот ги намалуваше малопродажните цени на нафтените деривати, движењето на цената на суровата нафта на берзата во Лондон најавува дека и доаѓа крајот.
Од вторникот на 8 јануари, кога и се креираа актуелните цени до денеска, барел сурова нафта на лондонската берза е поскап за околу 4 долари и повторно е над границата од 60 долари.
Во такви услови за очекување е зголемување на малопродажните цени, кои не треба да биде изненадување ако се зголемат за околу денар до два денари по литар.
Минатиот вторник, цените се намалија за 2,5 односно 3 денари по литар. Во моментов бензините се продаваат за 58,5 односно 60 денари по литар а нафтата за 55 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа