Пробиштип ќе врати долг од 37 милиони денари
Пробиштип од наредната недела почнува со исплатата на долговите кон фирмите и институциите. На денешната седница на Советот на општина Пробиштип е донесена одлуката да почне подмирувањето на обврските кон оние на кои локалната власт им должи. На посебна сметка на општината од страна на Владата се добиени 37 милиони денари за намалување на долговите.
Вкупниот долг на Пробиштип, која е и една од најзадолжените општини во регионот, изнесува над 72 милиони денари.
Бобан Стојмировски, вработен во кабинетот на градоначалникот на општина Пробиштип истакна дека листата на фирмите и институциите е долга. Оние кои се пријавиле за побарувања се откажале од каматите, а поголем дел од компаниите го намалиле и основниот долг од 15 до 3 отсто.
-Сите компании и институции се откажаа од каматите, а сосема мал дел од нив не го намалија основниот долг, вели Стојмировски.
Градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов истакнува дека оваа мерка што ја донесе Владата е големо олеснување за работата на општината. Со години, како што рече, претходната власт трупала долгови и не ги подмирувала сметките кон компаниите и институциите.
Исплатата на долговите се очекува да почне од наредната недела
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа