Планетата пред економски хаос:Ни се заканува нова криза, ќе „горат“ САД, Франција и Британија

 

Народот губи доверба во државните и меѓународните институции, а движењата како „жолтите елеци“ се шири низ светот и станува се помасовно, покажува новото истражување на ММФ и Еделмен.

Луѓето ја губат довербата во политичарите и системот, па според тоа , истражувањето покажува дека протестите слични на оние во Франција ќе станат почести.

Рапиден пад

Истражувањето на Еделмен покажува дека довербата на институциите рапидно опаѓа, а се поголем е јазот помеѓу народот и светската елита.

-Нема сите незадоволни луѓе да излезат на улица, но испитувањето покажува декаќе се зголемат движењата слични на оние во Франција, женски маршови во Индија и незадоволство на работниците ќе почне да се шири и ќе стане се по присутна- вели Стивен еден од шефовите на Еделмен.

Граѓаните во земјите како што се САД, Франција и Велика Британија, ќе ја направат следната економска криза катастофална, се наведува во Британскиот „Дејли Меил“.

Глобалната економија е пред бројни комплекснипредизвици, од технолошка промена и глобализација до последици на финансиската криза во 2008 година.

Истовремено драстично е намалена довербата во основните институции кои во последните 40 години помагаат во пораст на глобалниот раст.Овој тренд може да го загрози меѓународниот поредок кој ја кнтолира светската економија, наведува Липтон.

Се поголеми се трговските тензии, незадоволството и заблудите за предизвикот на 21-от век, како што се климатките промени , онлајн криминал и бран на мигранти.

-Ако се случува во време на глобален расти релативно стабилност, прашањето е што ќе се случи кога ќе дојде до следната економска криза. Не губат доверба само меѓународните организации, туку и нацоналните власти полудеа. Тоа го покажува пресвртот на изборите ширум светот, немири и бес на луѓето...Ако сакаме да се избориме со кризата која ни предстои, државите мора да најдат начин на одбрана- тврди Липтон.

Монетарни реформи

Предлага различни монетарни реформи и промена на фискалната политика, зошто јавниот долг е зголемен, а дефицитот дестабилизира многу држави ширум светот.

- Една критика на сметка на институциите е перцепција дека банкарите за време на светска економска криза спасени на сметка на обичните работници- нацедува Липтон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2019 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега