Сменет законот за јавни набакви: Најниската цена веќе не е важна
Собранието го усвои новиот Закон за јавни набавки кој ќе стапи во сила од април. Со него како критериум при јавните набавки се предвидува да биде економски најповолната понуда, односно најдобриот однос меѓу цената и квалитетот.
„Со воведувањето на економски најповолната понуда како критериум за доделување на договорите, освен што се врши усогласување со директивите од 2014, се отстрануваат и повеќекратни негативни ефекти од досегашното користење на критериумот најниска цена. Сведоци сме дека послаб квалитет или трошоци за поправки ја чинат државата многу повеќе,“ изјави министерот Драган Тевдовски на вчерашната седница, образложувајќи го Законот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа