ЕЕЗ: Северна Македонија станува првата земја која спроведува конкурентен тендер за избор на универзален снабдувач

 

Во согласност со новиот Закон за енергетика кој го транспортира Третиот енергетски пакет,  Македонија започна постапка за избор на универзален снабдувач на електрична енергија во земјата и снабдувач во краен случај за период од пет години. Конзорциумот на

ЕВН Македонија и ЕВН снабдување победи на тендерот, нудејќи најниска маржа за снабдување во споредба со другите понудувачи. Ова е прва конкурентна тендерска постапка во Енергетската заедница се вели во соопштението на Европската енергетска заедница.

„Според Третиот енергетски пакет на сите потрошувачи во домаќинствата и доколку е потребно, на малите претпријатија им се гарантира правото на „универзално снабдување”, односно да се снабдуваат со електрична енергија со определен квалитет по разумни, лесно и јасно споредливи, транспарентни и недискриминаторски цени. За да се обезбеди универзално снабдување, Договорните страни можат да назначат добавувач во краен случај, со цел да го заменат неуспешниот добавувач и да ги заштитат неактивните клиенти или оние со тешкотии во плаќањето.

Владата на Северна Македонија се очекува да ја заврши процедурата во наредните недели. Цените што ќе важат за универзалниот снабдувач или снабдувач во краен случај ќе ги утврди Регулаторната комисија за енергетика на земјата“ - велат од ЕЕЗ

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2019 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега