Заев: Грчки компании ветија дека ќе инвестираат 500 милиони евра во енергетскиот сектор
Македонската влада очекува инвестициски бум од Грција по Преспанскиот договор, истакнал македонскиот премиер Зоран Заев за Франс Прес, во пресрет на денешната посета на неговиот грчки колега Алексис Ципрас.
-Големи компании со годишни приходи од милијарди доаѓаат – рекол Заев, додавајќи дека во друштво на Ципрас земјава ќе ја посетат големи нафтени компании.
Тој посочил дека грчки компании ветиле дека ќе инвестираат 500 милиони евра во енергетскиот сектор, а, според него, треба да инвестираат и во градежниот и земјоделскиот сектор.
-Република Северна Македонија ќе има големи економски бенефиции од договорот – нагласил македонскиот премиер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа