Заев: Странските инвестиции признание за нас и можност за работни места
Компанијата „Маркарт“, која како странска директна инвестиција на германската „Маркарт Груп“ вредна 35 милиони евра, после пет години работење, во која работат 650 работници донесе одлука да ги прошири своите капацитети и да отвори нови работни места во нашата земја.
По тој повод, на покана на „Маркарт“, една од водечките производители во светот на електромеханички и електронски прекинувачи и преклопни системи за автомобилската индустрија и во индустриите за електрични алати и апарати за домаќинство, премиерота Зоран Заев денеска ја посети компанијата и се сретна со менаџерскиот тим.
–Тоа е одличен повод да се сретнеме со менаџерите на компанијата и да ги охрабриме во остварувањето на нивната намера. Оваа средба беше одлична прилика уште еднаш, овој пат, непосредно, да го запознаеме раководството на компанијата со можностите и со придобивките што им стојат на располагање како придобивки за реализација на нивната намера да инвестираат во нови проширувања на нивните капацитети“, истакна премиерот Заев во изјава за медиумите после средбата во „Маркарт“,информира премиерот Заев.
Тој додаде дека една од мерките за која било зборувано е последната во низата – субвенцијата за придонесите доколку одлучат да им ги зголемат платите на своите вработени. Појасни дека тоа е како особено важно за оваа компанија бидејќи станува високо квалификувани работници од електронската дејност во автомобилската индустрија што ги прави конкурентни на пазарот на трудот.
Заев потенцира дека втората голема придобивка од оваа и ваквите слични средби со другите компании како директни странски инвестиции, и што низ разговорот со нив може да се слушнат нивните потреби, сугестии и решенија за одредени прашања од нивното работење.
-Тоа е одличен начин директно од индустријата, на терен, да се информираме за потенцијалите за усовршување на условите за развој на компаниите, за нивните дилеми пред да започнат нов инвестициски циклус, и на тој начин да го усовршуваме системот за поддршка на странските инвестиции.Најважно од оваа комуникација е што овие средби и разговори се секогаш од огромна придобивка за граѓаните, зашто новите инвестиции отвораат нови работни места, повисоки плати, и повисок стандард на живеење, додаде премиерот Заев.
Во изјавата за медиумите сопственикот на компанијата „Маркарт Груп“, Харалд Маркарт истакна дека „Маркарт“ во Северна Македонија е целосно подготвена да инвестира во нов развој на компанијата во земја со брза развојна економија и дека се подготвени да учествуваат и во поддршката на образованиот систем за креирање на стручни кадри за работа во високо-технолошки индустрии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа