Телеком слави роденден: Сuper подароци за сите корисници на припејд и МаxTV
Семејството на најдобрата интерактивна телевизија во Македонија континуирано расте и се зголемувa. Вкупно 135.000 семејства во Македонија ja одбраа MaxTV, со што потврдуваат дека е најпосакуваната телевизија во земјата. Оваа револуционерна услуга од самото воведување постави нови стандарди на ТВ пазарот, а низ годините Македонски Телеком постојано ја унапредуваше и подобруваше, согласно потребите и барањата на корисниците. Затоа, денес дури 40 отсто од семејствата ја преферираат MaxTV и е нивниот избор број 1.
Македонски Телеком бележи голем успех со дигиталната телевизија благодарение на корисниците кои што ги препознаа пред сè квалитетот, ексклузивните содржини, неограничените можности за интеракција, како и уникатното ТВ искуство коешто го овозможува MaxTV услугата. Телеком го прославува овој успех обезбедувајќи им промотивни услуги за корисниците. Почнувајќи од денеска, корисниците можат да активираат HBO и Sport HD пакет, како и дополнителни 10 GB мобилен интернет, без надомест.
Сите приватни корисници на MaxTV можат да ги активираат HBO и Sport HD промотивните пакети преку Telekom MK апликацијата и да уживаат во ексклузивните филмски и спортски содржини бесплатно до средината на јануари, следната година.
Промотивниот месечен мобилен интернет од 10 GB е без надомест. Достапен е за сите приватни постпејд корисници, како и за деловните корисници на Magenta 1 Business и Business тарифните модели. Приватните постпејд корисници можат да го активираат само преку мобилната апликација Telekom MK, а деловните корисници со јавување на 120, во промотивниот период, заклучно со 31.12.2019. Промотивниот интернет е со важност 30 дена од активирањето.
Повеќе информации за понудата можат да се добијат на следниов линк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа