Просечната нето-плата во август порасна за 23 денари

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2019 година, во однос на август 2018 година, изнесува 103.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (10.9 %), Транспорт и складирање (7.3 %) и Информации и комуникации (5.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (4.7 %), Уметност, забава и рекреација (3.5 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.3 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2019 година изнесува 25 127 денари.

 

Просечната нето плата исплатена во Јули изнесувала 25.104 денари.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега