„Пуцко Петрол“ со 1,7 милиони евра месечно рекордер во тендери кај власта

 

Фирмата на семејството на градоначалникот на Пласница, „Пуцко Петрол“ е рекордер по суми во добиени тендери од државни институции откако СДСМ дојде на власт, во 2017 година, објави „А1он.

Од јуни 2017 година до средината на овој месец, „Пуцко Петрол“ има добиено тендери во вредност од речиси 50 милиони евра, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки. Ако се направи анализа на податоците, може да се види дека од 2008 до 2017 година оваа фирма има добиено тендери во вредност од 56 милиони евра, исто колку што добила од државните институции за време на владеењето на СДСМ, но за само две и пол години. Ова ја прави „Пуцко Петрол“ омилената фирма на оваа власт, која практично добива по околу 1,7 милиони евра од државните институции месечно.

Веднаш за „Пуцко Петрол“ е Алкалоид – Конс, потоа друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО, „Д-р Пановски“ и Македонски Телеком.

Најголемиот тендер „Пуцко Петрол“ го доби лани во декември, 15 милиони евра од ЈСП Скопје за снабдување со дизел гориво на автобусите во наредните две години. МЖ Транспорт, МВР, Министерството за одбрана, Комунална хигиена, општините Битола и Штип се само дел од корисниците на услугите на „Пуцко Петрол“ – фирма која предизвикува голем интерес во јавноста со оглед на тоа што редовно се наоѓа на прво место по пари што ги добива од државата.

„Пуцко Петрол“ располага со повеќе бензински пумпи и се занимава со промет на нафтени деривати, градежни материјали и други дејности. Зависно од изборната година Јахоски бил кандидат од СДСМ или од ДУИ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2019 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега