Заменик-министерот Колемишевски формирал фирма за канабис со семејството на Свето Пивара

 

Заменик министерот за економија, избран во текот на последната реконструкција на владата, Кирил Колемишевски, поседува удели и акции во неколку друштва, од кои дел се стекнати во тековната 2019 година, пренесува Фокус

 

Според податоците на „Фокус“ обезбедени од надлежните институции, во некои компании Колемишевски е партнер со странски државјани, меѓу кои се друштвото за наплата на долгови „Прајм Колект“ и за трговија „БКМ Инвест“.

Во други субјекти, пак, тој има домашни партнери, како што е случај со фирмата за медицинска марихуана „М-6 ЕДЕН ГРИН“ формирана годинава, каде доминантен партнер е субјект од групацијата „М-6“, поврзана со семејството на бизнисменот Светозар Јаневски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2019 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега