Македонците со најмала плата во регионот - Во другите земји се земаат и 1.000 евра
Највисоки просечни плати во регионот се евидентирани во Словенија и Хрватска, а најниските во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.
Според последните статистички податоци, во Словенија се зема просечна плата од 1.114 евра, јави Анадолија. Во исто време, тоа е единствената плата во земјите од регионот која го надминува прагот од 1.000 евра., јавува Плусинфо.
Во Хрватска просечната плата во август изнесувала 6.438 куни, односно 864 евра. Следува Црна Гора, каде што според официјалните податоци на Заводот за статистика на Црна Гора – Монстрата, просечната заработувачка без данок во август 2019 година изнесувала 517 евра.
Во БиХ, просечната исплатена месечна нето-плата во БиХ во август оваа година изнесувала 472 евра, додека во Србија 54.115 динари или 460 евра.
Македонија е на дното на листата со 25.127 денари, односно 409 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа