Треба да легнат пари на сметките - Колку изнесува К15 годинава

 

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари.  Услов кој треба да се исполни за  регресот за годишен одмор е  работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината. 

За работодавците кои нема да дадат К15 следат големи казни, до 4.000 евра.

Истото важи и за оние кои ќе дадат К15 па ќе го побараат назад од вработените.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2019 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега