Ангеловска: Нема да се плаќа данок ниту за капитални добивки ни за депозити

 

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, покрај одложувањето на прогресивниот личен данок на доход, рече дека за три години се одложува планот за оданочување на капиталните добивки и депозитот во банките. 

Таа го кажа денека ова на прес-конференција.

- „Капиталната добивка ќе се вобеде за три години и со друг модалитет Анализата беше издржана на Комисијата од хартии од вредност и Македонска берза. Ги зедовме во предвид овие аргументи и решението ќе стапи на сила за три години. Не сакаме дестимулативно да влијаеме на развојот на берзата“, рече Ангеловска на прес-конференцијата.

Ангеловска рече дека нема да се даночат обврзниците кои имаат до 2 милион денари годишен промет, односно нема да плаќаат ДДВ од 2020.

 

- Тие се товар за системот и администрацијата. Тие се борат за да растат и напредуваат, а Владата треба да им даде шанса, рече Ангеловска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.11.2019 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега