МТСП: Месечен младински додаток по 3.000 денари за сите млади вработени во производна дејност

 

На 164-та Седница, Владата гo утврди Предлог-законот за младински додаток, предложен од Министерстовото за труд и социјална политика.

-На овој начин истовремено придонесуваме за подобрување на нивниот животен стандард и ги задоволуваме потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила. Младинскиот додаток ќе биде во висина од 3.000 денари месечно и ќе им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование, информира денеска Министерството за труд и социјална политика.

Младински додаток може да користи младо лице кое е опфатено со задолжително социјално осигурување по основ на вработување кај работодавач или самовработување со претежна производствена дејност, е вработено во приватна агенција за вработување и е отстапено на работа кај работадавач со претежна производствена дејност или е опфатено во задолжително социјално осигурување како индвивидуален земјоделец.

Со воведувањето на младинскиот додаток, се вели во соопштението, Владата продолжува посветено да работи на подобрување на условите за живот на сите лица во Северна Македонија, вклучувајќи ги и младите лица.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега