Нова цена на горивата низ Македонија

 

Бензинот Еуросупер БС-95 оваа недела поскапе за денар, а Еуросупер БС-98, дизелот  и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар.

Новата цела на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 денари, а 70,50 денари на Еуросупер БС-98. Литар  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денара, екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,50 денари.  Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,206 денари за килограм и изнесува 33,340 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,93 проценти.лв/

РКЕ ја донесе одлуката за цената на горивата врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Сега од утре не чека нова цена на горивата. Останува да видиме дали ќе има поскапување или поевтинување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2019 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега