Проверувајте ги сметките - Почна исплатата на пари за скенираните фискални

Од вчера започна поврат на дел од платеното ДДВ за месеците јули, август и септември кон граѓаните. Над сметките на над 16.000 граѓани исплатени се парите од повратот на 15 отсто од ДДВ.
- До крајот на идната недела ќе бидат исплатени сите граѓани кои скенирале фискални сметки. Само преку оваа мерка над 3 милиони евра се враќааат директно кај граѓаните. Преку мерката Мој ДДВ за првпат државата враќа пари директно на трансакциските сметки на граѓаните. Концептот Парите назад кај граѓаните се реализира во целост и дава одлични резултати, На прав пат сме, преку конкретни мерки и политики докажуваме што значи вистинска грижа за сите граѓани, велат денеска од СДСМ.
Инаку, вчера за повратот на ДДВ се огласи и директорката на УЈП на својот Фејсбук.
- „Парите ги враќаме кај граѓаните. За прв пат ваква мерка допринесува со скенирање на сметките преку едноставна апликација, повеќе од 3 милиони евра за јули, август и септември да легнат на сметките на граѓаните“, напиша таа.
07.12.2019 - 10:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа