РКЕ одлучи колку ќе чинат горивата од полноќ

 

Цените на бензините и дизел горивата остануваат исти, а од ноќеска на полноќ се зголемува цената на мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 67 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе се продава за 69, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 61,5, а Екстра лесното масло за домаќинство
(ЕЛ-1) за 50,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,929 денари за килограма се зголемува малопродажната цена на мазутот М-1 НС  и ќе изнесува 35,407 денари за килограм.

Како причина за промена на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на цената на светскиот пазар во изминатата недела кај бензинот  за 0,85, а кај дизелот за 1,21 отсто, како и за 0,43 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега