Нова цена на горивата пред Нова Година
Регулаторната Комисија за енергетика и овој понеделник како и секој понеделник во неделата, ќе одлучи и ќе ги соопшти новите цени на горивата.
Според последната одлука, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 ден/лит и со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 1,00 ден/лит, и со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/литaр.
Цените кои РКЕ ќе ги соопшти утре, стапуваат на сила од вторник, пред стартот на Новата Година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа