Роналдињо има ново хоби во затвор
Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо веќе некое време се наоѓа во парагвајскиот затвор во Асунсион.
Тој заедно со брат му се уапсени поради обид за нелегален влез во земјата и сега чекаат за судење.
Во саботата го прослави 40. роденден, откако претходно го освои затворскиот турнир во фудбал, а ЕСПН јавува дека нашол уште едно хоби.
Роналдињо е во процес на интеграција во нова заедница и почнал да учи столарски занает.
-Се чувствува добро, сите го прифатија, за сите тука е легенда, пишува ЕСПН додавајќи дека најмногу му недостасувале мајка му и музика.
-Со неа се слуша секоја вечер, загрижен е за нејзе, пишува ЕСПН.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа