Толку беше: Го снема видеото со Ахмети во униформа на УЧК

 

Видеото со Ахмети во униформа на УЧК, кое се споделуваше од членови на ДУИ, беше избришано од интернет. На снимката, лидерот на ДУИ тврди дека никогаш не изгубил војна. Според партијата, видеото го прикажувало животот на Ахмети и не било провокација.

 

СДСМ ја осуди реториката на Ахмети, истакнувајќи дека етничките провокации се опасни за земјата и не се прифатливи. Според МВР, ДУИ со видеото сакала да ја дефокусира јавноста од истрагите против партиски функционери.

10.01.2025 - 18:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега