Со домашните платежни картички потрошени 17,7 милиони евра, најмногу во маркетите
Со домашните платежни картички што ги добија над 276 илјади граѓани, заклучно со 18 јули се направени над 1,2 милиони транскации, од кои најголем дел се во маркети (89%), ресторани и храна (5%) и за текстил, облека и обувки (3%), објави на Фејсбук министерката за финансии Нина Ангеловска.
Вкупната вредност на веќе издадените домашни платежни картички до 18 јули e 24,6 милиони евра, од кои веќе се потрошени, односно вбризгани во економијата 17,7 милиони евра преку купување македонски производи и услуги.
– Домашнaта платежна картичка има повеќекратен бенефит за граѓаните и економијата: ја поддржува приватната потрошувачка, ги поддржува домашните производители и услужни дејности, придонесува за раздвижување на економската активност, придонесува за безготовинско плаќање, пишува Ангеловска, појаснувајќи дека банките ќе продолжат да издаваат и доставуваат домашни платежни картички и во текот на оваа недела.
Во меѓувреме, како што посочи, се финализираат последните приговори од Министерството за образование и наука и Фондот за здравствено осигурување.
Преку 276 илјади граѓани веќе добија и користат #ДомашнаПлатежнаКартичка Вкупната вредност на веќе издадените...
Posted by Nina Angelovska on Wednesday, 22 July 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа