Лукаревска: Јавното објавување на компаниите вроди со плод - драстично намален бројот на фирми кои не исплатиле плати
Јавното објавување на компаниите вроди со плод, зашто имаме драстично намалување на бројот на компании што немаат исплатено плата на своите работници, тврди директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Според неа, 258 работодавачи кои добиле помош не ги исплатиле платите .
Таа посочи дека останале 258 работодавачи кои добиле финансиска поддршка, а немаат исплатено плата соодветно како што било наведено во уредбата и законите, односно тоа се однесува за, април, мај и јуни, односно октомври, ноември и декември.
– Двесте дваесет и шест од овие 258 работодавачи не исплатиле плата за еден месец, 26 не исплатиле плата за два месеца и шест компании немаат исплатено плата за три месеци. Кај оние кои направија злоупотреба за декемвриската плата, значи ги спроведовме сите дејствија за присилна наплата што ни беа таргетирани од страна на Законот за даночна постапка, рече Лукаревска одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.
Додаде дека ќе продолжат координираните контроли на Државниот инспекторат за труд и ќе достават и соодветни прибелешки, односно факти, нови докази кај ОЈО за понатамошно постапување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа