ВИДЕО: Солзавец и водени топови на демонстрациите во Атина против задолжителната вакцинација на здравствените работници

 

 

Илјадници Грци, противници на вакцинацијата против коронавирус, протестираа синоќа во Атина, при што дојде жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Демонстрантите носеа национални знамиња и транспаренти „Ние не сме против вакцините, но ние сме против фашизмот“ или „Да живее демократијата“.

Кон крајот на протестот на плоштадот Синтагма, каде говорниците ги критикуваа плановите на владата на Кирјакос Мицотакис за воведување задолжителна вакцинација за здравствените работници и студентите, младите почнаа да фрлаат со шишиња, петарди и молотови коктели кон полицијата.

Полицијата, според која на протестот имало меѓу 7 000 и 8 000 демонстранти, одговори со солзавец, шок бомби и водени топови.

Повеќе од 10 000 противници на задолжителната вакцинација на здравствениот кадар протестираа во неделата вечерта и во Солун, но таму тие мирно се разотидоа на крајот од митингот.

Во Грција, 5,7 од 10,7 милиони луѓе се целосно вакцинирани, но бројот на нови инфекции и хоспитализации скокна во последните недели.

30.08.2021 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега