Трагедија за време на манифестација: Музичар паднал на бина, го реанирмирале во возило за Брза помош во Србија

 

21-годишното момче од Краљево, член на Културно уметничко друштво, починало синоќа на патот кон чачанската болница.

Несреќното момче било донесено со возило на Брза помош во Ургентниот центар на Општата болница без знаци за живот.

Во текот на возењето лекарите се обиделе со реанимација, но според кажувањето на д-р Билјана Кочовиќ после обидот за реанимација, кој траел 30-40 минути, лекарите за жал, можеле само да констатираат смрт.

Причините за оваа трагедија ќе ги утврди обдукацијата.

Инаку, станува збор за момче кое настапувало во програмата за манифестацијата „Зелкијада“ како член на КУД од Краљево.

Настапувал како еден од музичарите.

Mrčajevci

Несреќата се случила изненадно, кога момчето среде настап паднал од бината. Паднал на под, а кон него веднаш притрчале останатите членови.

Веднаш била повикана Итна помош, која момчето го однела во болница.

19.09.2021 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега