ВИДЕО: Реки вода течеа низ театарот, публиката евакуирана - страшно невреме во Љубљана
Во силно невреме кое вчера ја погоди Словенија поплавен бил театарот „Драма“ и тоа во моментот кога во него се одржувала претстава. Водата почнала да продира во зградата по што почнал процес на евакуација на публиката.
„Покривот е дотраен и почна да паѓа вода на сцената а од зад неа почнаа да течат цели реки. Вакво нешто никогаш не се случило во историјата на театарот“ – изјавил Јернеј Пристов, портпарол на театарот.
30.09.2021 - 11:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа