ВИДЕО: Адвокат од Осијек е херојот кој извлекол момче кое се давело - на грб имало ранец полн со книги
Дарко Мундвеил, адвокат од Осијек и претседател на Пливачкиот клуб Осијек е херојот кој во неделата, во околу 18:30 часот, на безбедно од студената Драва извлекол момче кое се давело.
Целата драма се одвивала на стотина метри од Веслачкиот клуб Иктус во Осијек. Иако работата ја завршил како професионален спасувач, се испоставило дека станува збор за храбар граѓанин кој се занимава со нешто сосема поинакво, пишува Гласот на Славонија.
„Сопругата, јас и децата се возевме со велосипеди и веќе на врвот на мостот видовме многу гужва и многу луѓе, а слушнав и сам како некој довикна дека треба да се повика полиција. Ние продолживме да возиме, но кога дојдовме на крајбрежјето забележав дека многу луѓе гледаат во Драва и видов нечија глава на површината од водата.
Тогаш слушнав дека личноста бара помош. Со велосипедот се приближив и почнав да трчам кон водата. По пат се соблекував. Доаѓајќи до крајбрежјето, од камен скокнав на глава и пливав кон момчето. Кога дојдов на метар од него му реков да се сврти за да можам да го фатам.
За среќа беше поприлично мирен и ме послуша, па го зграбив за десната рака и го привлеков за градите за главата да му биде над вода, и така пливав со него назад. Изгледовме на околу 100 метри од Иктус. Проблем беше што беше целосно облечен, имаше патики и држеше ранец полн со книги, што дополнително влечеше надоле. За среќа, успеа да се одржи на површина, но беше пршање на време до кога ќе издржеше“, раскажа Дарко, кој во ниту еден момент не размислувал кога сфатил дека некому му треба помош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа