Се слушнало грмење и звук сличен на експлозија - луѓето во Далмација исплашени после земјотресот
На подрачјето на целиот цетински крај земјотресот вчера синоќа предизвика голема вознемиреност и страв кај жителите на тоа подрачје.. Се тресело јако и долго траело. Брзо се проширила информацијата дека епицентарот е под Камешнице, на длбочина од 5 километри, 39 километри од Сплит и 19 километри од Ливна со магнитуда од 4,6 степени.
Иако за време на земјотресот врнело, многу од граѓаните излегле пред своите домови. Тие најисплашените кои живеат на повисоките спратови одлучиле да не се враќаат во своите станови, туку ноќта да ја поминат во автомобилите.
Земјотресот не предизвикал штети на станбените и другите објекти, но паѓале предмети и се треселе инветарите во становите.
-Седемве во кафуле. Прво се слушна грмење и звук сличен на експлозија. Силно се тресеше и сите избегавме надвор. Во тој момент снема светло, а потоа се слушнаа сирени, изјавил еден од жителите за Далмација Денес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа