Драма со српски амбасадор: Распоредил огромна сума на пари во дури 12 куфери, ама го фатиле

 

На белградски аеродром е фатен српскиот амбасадор во Каиро, Југослав Вукадиновиќ, кој се обидел да пренесе огромна сума на пари, распоредени во 12 куфери, пренесува „Блиц“.

Како што се вели во весникот, српскиот амбасадор се обидел да пренесе 84.000 евра во кеш. Но, проблемот се јавува бидејќи не ги пријавил пред надлежните институции.

Српскиот амбасадор го отпуштиле од функцијата во Египет, само пред неколку денови. Согласно информациите на весникот, во своите паричници, заедно со својата сопруга, имале уште 4.500 евра во кеш.

Прописите во Србија велат дека може да се пренесат неограничена сума на пари, но онаа над 10.000 евра мора да биде соодветно пријавена.

Парите му биле запленети, а тој е ослободен. Од српското МНР не го коментираат случајот, само потврдуваат дека тој е сменет поради „непрофесионално постапување“.

07.10.2021 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега