Голем чекор за Црна Гора: Укинување на ковид-сертификати за влез во повеќе места

 

Голем чекор во однос на олабавување на мерките прави денеска Црна Гора. Од Владата соопштија дека таму се укинува условот за ковид-сетификат за влез во трговски центри, деловни центри, како и центри кои имаат 1.000 квадратни метри простор.

Првиот човек на Институтот за јавно здравје, Игор Галиќ, денеска, на брифинг со новинарите ијзави дека и изолацијата била скратена од 14, на 10 дена.

Тој додаде дека ситуацијата била подобрена, односно бројот на новозаразени опаднал за 40 проценит, па затоа се донесуваат овие олабавувања на мерките.

Ќе стапат на сила од утре, сабота, 9 октомври.

08.10.2021 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега