ВИДЕО: Снимка од земјотресот на Крит - граѓаните во паника истрчале на улица
Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит точно во 11:24 часот денеска.
Според првите проценки земјотресот бил со магнитуда од 6,3 степени и бил 120 километри од најголемиот град на островот Хераклион, на длабочина од 8,2 километри.
До ново тресење дошло 15 дена откако во потресот од 5,8 степени на Крит едно лице загина, а 10 беа повредени.
Сведоци на земјотресот на Твитер страната на ЕМСЦ пишуваат дека тресењето траело 20 секунди.
Експертите не исклучуваат појава на помало цунами, а сите безбедносни сили на Крит се на готовс.
6.4 Earthquake Strikes Crete, Greece#Earthquake #Crete #Creta
Long Version:https://t.co/vFLr3v7lt8 pic.twitter.com/EeDj0RFphA— Fish News (@FishNewsChannel) October 12, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа