(Видео) Ескалација на немирите на Косово – тешко повреден Србин во Звечан
Србин е ранет за време на полициската акција во Звечан, пренесуваат српските медиуми. Како што се наведува, тој бил застрелан во грбот и е во многу тешка состојба.
„Повредата е нанесена од огнено оружје, тој е застрелан во пределот на градите. Неговото рамо и реброто беа повредени, ние се подготвуваме за операциона сала за да го отстраниме куршумот. Тој се наоѓа на интензивна нега и е во сериозна состојба”, рече хирургот Златан Елек, Директор на КБЦ Косовска Митровица.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ на прес -конференција рече дека има десетици повредени Срби во акцијата на косовската полиција.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се огласи по акцијата на косовската полиција во Косовска Митровица.
„Ја повикувам меѓународната заедница, НАТО и КФОР, итно да реагираат и да го спречат Албин Курти. Ситуацијата е повеќе од драматична и ова е последен момент во кој е потребна јасна реакција за да се запре лудата политика што ја води Приштина. Таквото однесување ги надмина сите мерки и тоа не доведе до работ на хаос “, рече Брнабиќ.
Се огласи и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кој рече дека оваа акција е „уште една провокација“ од таканаречениот премиер на Косово, Албин Курти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа