Се огласи и премиерот на Косово: Акцијата во Косово била насочена кон шверц на стоки

 

Премиерот на Косово , Албин Курти преку објава на фејзбук се огласи во однос на целата ситуација. Напиша дека акцијата против која протестирало северот на населението на Косово, била насочена кон шверц на стоки во Приштина, Север и Југ Митровица.

Дополни дека сите дејствија биле спроведени во координација со надлежни органи, вклучувајќи обвинителства и судови, а за кои претходно била спроведена истрага.

„Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани. Ќе има борба против нив. Ќе се бориме и ќе спречиме шверц“, напиша Курти.

Истакна дека полициската акција е завршена, а и ги повика жителите на Северна Митровица, кај што живеат претежно Срби, да не веруваат на информации објавени од српски медиуми „кои штитат криминал и корупција“.

13.10.2021 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега