Вучиќ од Косово: Ако почнат со насилство, заштитете го народот, ние ќе бидеме со вас

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ пристигнал во касарната во Рашка, каде ја посетил единицата на Војската на Србија и полицијата.

Вучиќ на почетокот порачал дека отсекогаш барал решение кое не би го загрозувало целиот српски народ и Србија, како и дека цела Србија му помагала на Косово па денес во здравството има поголеми плати на северот отколку во Рашка.

Тој на почетокот ги замолил луѓето да се смират, да ги исклучат мобилните, да не го прекинуваат со аплаузи и свиркања, и дека ќе им каже што мисли и која е неговата конечна одлука. Претседателот на Србија потсетил дека тие не се тука да го поддржат него, туку дека сите се заедно заради прашањето со Косово.

-Ако почнат со насилство, заштитете го народот и ние ќе бидеме со вас. Бидете трпеливи, во Бриселскиот договор е нашиот спас затоа што тие нема да го исполнат... Не реагирајте со ненасилство ако почнат со насилство, заштитете го народот, а ние че бидеме со вас...Само имајте на вид колкава е цената која сите ќе мораме да ја платиме, заклучил Вучиќ.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

13.10.2021 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега