ВИДЕО: Војската ја запеа химната на косовските јунаци - „Заминуваме директно на Косово“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ беше денеска во посета на Краљево, кај припадниците на војската и полицијата каде истакна дека треба да бидат подготвени и дека е уверен дека тие ќе се одважат ако државата ги повика да го штитат народот.
Во таа прилика војската му ја отпеа на Вучиќ „Христе Боже“.
Вучиќ истакна дека војската треба да биде подготвена, да работи, да вежба, а Србија ќе даде се од себе животот на нивните семејства да биде олеснет, особено нивното станбено прашање.
-Доколку државата ве повика, знам дека ќе се одважите и дека својата света должност и обврска ќе ја извршите на најчесен начин. На тоа сум ви бескрајно благодарен.
Ќе ги чуваме мирот и стабилноста по секоја цена! Ако не нападнат, ако ни убиваат луѓе тогаш ние ќе мораме да го заштитиме нашиот народ. Она што јас ви го кажувам значи дека ќе победиме. Нема предавање, нема повлекување - рекол Вучиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа