Грција воведе нови антиковид мерки - денеска рекорден број заразени од почетокот на пандемијата
Грчката влада денеска усвоила нови мерки против корона вирусот, кои ќе важат само за невакцинираните граѓани.Новите владини правила, според „Катимерини“ се донесени денеска со цел да се запре наглото зголемување на бројот на заразени.
Невакцинираните луѓе ќе треба да имаат негативен брз антиген или PCR тест за да влезат во банки, јавни канцеларии, малопродажни места, места за забава и фризерски салони.
Во изминатите 24 часа во Грција е забележан уште еден дневен рекорд на новозаразени со корона вирусот – 6.700 случаи, соопштија денеска грчките власти.Грција втор ден по ред го соборува рекордот на нови случаи со Ковид-19, а денешниот број е најголем од почетокот на пандемијата, пренесува Катимерини.
Во последните 24 часа од последиците на корона вирусот починале уште 59 лица, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата се зголемил на 16.050 случаи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа