Трифонов: Ќе сторам сѐ што е можно Бугарија да добие Влада
Лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов денеска соопшти дека имал средба со лидерите на „Промените продолжуваат“, Кирил Петков и Асен Василев, на која им ветил поддршка за формирање нова бугарска Влада , јави дописникот на МИА од Софија.
Трифонов на својот профил на Фејсбук напиша дека ќе направи сѐ што е можно и сѐ што зависи од него за што поскоро, уште со првиот доделен мандат, да се формира владата. Затоа, додава, денеска ја прифатил поканата за средба упатена од победниците на изборите – „Промените продолжуваат“.
Тој директно порача дека ќе направи сѐ што е можно, сѐ што зависи од него и неговата партија „Има таков народ“ Владата да може да се формира, а парламентот да работи и народот да се смири, напиша Слави Трифонов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа