Србија е во сериозна криза со струјата, 30 отсто од ЕПС и 260 трафостаници не се во функција

 

Последиците од обилните снежни врнежи во Србија се санираат, а вонредната состојба е на сила во девет општини – Ивањица, Лучани, Нова Варош, Љубовија, Крупањ, Ариље, Бајина Башта, Осечина и Мали Зворник, каде 40 отсто од населението е без струја. Во Осечина четврти ден без струја се две третини од територијата на таа општина, во Ивањица и Лучани околу 3.000 луѓе се без струја, а утре делови од Нови Сад ќе немаат струја, јави дописникот на МИА од Белград.

Срспкиот претседател Александар Вучиќ синоќа на отврената седница на владата, за проблемите со струјата настанати по обилните врнежи од снег, изјави дека во неделата испаднал целосниот електроенергетски систем на Србија затоа што Електроиндустрија на Србија (ЕПС) не зела предвид колку може да биде влажен јагленот и колку калта може да ги оштети сите шест блокови во термоелектраната Никола Тесла (ТЕНТ). Денес министерката за енергетика и рударство потврди дека во Србија има криза со струјата, да 30 отсто од Електростопанство на Србија (ЕПС) и 260 трафостаници не се во погон, а во неделата без струја биле 126.000 граѓани.

-Во сите области на енергетиката итно треба да инвестираме многу повеќе.Имаме ситуација кога околу 30 отсто од системот не е во функција, тоа е многу. Државата обезбеди пари и за увоз на струја и мазут, но тоа не требаше да се случи. Системот е се уште многу чувствителен, во криза сме, работите не се решени, а кога ќе се решат ќе видиме кој направил пропусти во целиот синџир сите овие години, истакна Михајловиќ за РТС, дадавајќи дека сериозно прашање е што ЕПС не обезбедил доволно јаглен на своите депонии.

-Почетокот и крајот на сите проблеми во ЕПС е прашањето на доволни количини и квалитетот на јаглен. Мислам дека ќе треба да донесеме одредени одлуки во наредните недели. Сепак, сега го немаме доволно, експертите во ЕПС мора да видат што јаглен може да влезе во блоковите, што не може, за да не ни се случи ситуацијата ако сите блокови (ТЕНТ) испаднат во рок од 30 минути, изјави министерката за енергетика.

Одговарајќи на прашањето дали ќе има доволно јаглен за работа на термоцентралите, Зорана Михајловиќ кажа дека на тоа „ќе мора да се работи уште повеќе".

Финансиската штета, според неа е огромна, но во моментов нема прецизни бројки.

Според Јоргованка Табаковиќ, гувернер на Народната банка на Србија „од октомври до вчера, НИС, Србијагас и ЕПС заедно купиле нето над половина милијарда евра девизи за увоз на енергенти, а до крајот на декември треба да се купат уште 250 милиони евра".

15.12.2021 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега