Вулин: Во 2021 година беа разбиени 24 организирани криминални групи во Србија
Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин денеска изјави дека тамошната полиција разбила 24 организирани криминални групи во 2021 година и нагласи дека „Србија не е и нема да биде погодна почва за криминал", соопшти Министерството.
Според соопштението, по тактичко-показната вежба на припадниците на Управата за криминалистичка полиција на Службата за борба против организиран криминал (СБПОК) во наставниот центар Макиш, Вулин оценил дека полицијата покажала „извонредна сила и храброст да се справува со сите организирани криминални групи, вклучително и оние кои се истакнаа по својата бруталност и монструозност”.
Вулин рече дека во 2022 година вработените во полицијата ќе добијат зголемување на платите и приходите, а следуваат и инвестиции во изградба и реконструкција на објектите на МВР, пренесува Бета.
Според соопштението, Тактичката куќа во наставниот центар Макиш, каде што се одржуваше вежбата, е изградена во 2021 година, а дополнително се реконструирани спортски терени, изградена е атлетска патека, изградена е спортска сала на отворено, како и полигон за проверка на физичките способности на полициските службеници
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа