Ковид-хаос во Србија: 19.000 новозаразени за 24 часа
Во последните 24 часа во Србија се потврдени 19.901 случај на инфекција со коронавирус, што е највисок број на заболени за еден ден од почетокот на пандемијата, јави дописникот на МИА од Белград.
Досега најголем број новозаболени имаше на 18 јануари – 18.006.
Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 19.901 случај на инфекција со коронавирус од 39.282 тестирани примероци. Како последица на инфекцијата починале уште 34 лица. На болничко лекување се 3.114 лица, а на респиратори 131 пациент.
Редиците пред ковид амбулантите низ Србија не се намалуваат, а веќе со денови е регистриран петцифрен број на заболени. Во моментов доминантен е омикрон сојот кој брзо се шири, но и закрепнувањето е побрзо, посочуваат експертите. Врвот на бранот се очекува кон средината на февруари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа