Почина Ксенија Вучиќ, првата сопруга на српскиот претседател

 

Вечерва ненадејно во Белград почина Ксенија Вучиќ, позната новинарка и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Ксенија Вучиќ работеше како новинар повеќе од 30 години.

Кариерата ја започна во ТВ Студио Б, а во последните години водеше популарни емисии на ТВ Пинк.

Информацијата на својот официјален профил на Инстаграм ја потврди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Вечерва во Белград ненадејно почина Ксенија Вучиќ, на 56-годишна возраст, мајка на нашите две деца Данило и Милица, и моја прва сопруга“, напиша претседателот на Србија под фотографијата објавена на Инстаграм.

Вучиќ напиша дека семејството и пријателите дополнително ќе бидат информирани за местото и датумот на погребот, пренесе Б92.

29.01.2022 - 23:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега