Ковачевски: Раст на нето платата на 80.000 работници за околу 45 евра месечно
Раст на нето платата на 80.000 работници за околу 45 евра месечно, информира претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на социјалната мрежа Фејсбук.
Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите , потенцира Ковачевски.
-80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари. Оваа сума, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно.
Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните, стои во статусот на премиерот Ковачевски.
07.02.2022 - 21:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа