Бектеши: Од понеделник ќе имаме значително пониски цени на горивата од регионот
Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека од понеделник Македонија ќе има значително пониски цени на горивата во однос на цените во земјите од регионот.
Тој денеска на прес конференција рече дека по усвојувањето на законите со кои ќе се намали акцизата и ДДВ-то, значително ќе се намалат и цените.
“Имајќи ја предвид последната одлука што ја донесе РКЕ се земаат предвид последните 5дена од котациите на берзите и секако дека на таков начин на дневна база бидејќи е изменета сега методологијата на пресметките се носи одлука за цената. Денеска во Собранието најверојатно би требало да се усвои законот за ДДВ и законот за акцизи
Имајќи ги во предвид вчерашните цени на берзите и цената пред 2 дена, јас очекувам согласно анализата од утре, а многу е важно да се наведе дека веќе од понеделник ќе имаме не поевтини цени од регионот туку значително поевтини цени од регионот“ – рече Бектеши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа