Брнабиќ: Во Србија може да дојдат и Лавров и Шолц

 

 

Во свет во кој двете страни не сакаат да бидат слушнати, важно е да се има земја во која можат да дојдат и министерот за надворешни работи на Русија и германскиот канцелар, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ и оцени дека тоа е тешка позиција, но најкоректно можна.

Брнабиќ рече дека утрово разговарала со претседателот Александар Вучиќ, кој во моментов работи на посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и ги прочитал средбите со претставници на Руската Федерација и на САД, Германија и ЕУ.

Таа додаде дека ситуацијата околу посетата на Лавров на Србија е исклучително комплицирана.

„ Неверојатно е дека денес ситуацијата во Европа и светот е таква што претседателот на една земја треба да се занимава со такви работи како патувачката логистика на министерот за надворешни работи на друга земја, од која зависи дали ќе дојде или не“ – изјави Брнабиќ.

Таа додаде дека оваа посета ја става Србија во исклучително тешка ситуација, бидејќи, како што рече, во овој момент никој во светот не сака да разговара со никого, а уште помалку да слушне некого.

05.06.2022 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега