Вучиќ: Расте притисокот врз Србија од меѓународната заедница
Белград не планира да воведе санкции кон Москва додека не дојде до закана за Србија и нејзините граѓани, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ.
Исто така, расте притисокот врз Белград и Приштина за да се постигне решение за косовскиот проблем, но Вучиќ смета дека е нереално тоа да се случи во следните недели.
„Притисокот врз Србија расте затоа што сите сакаат крај на косовската сага“, кажа Вучиќ.
21.10.2022 - 11:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа