Косово: Уапсена и трета медицинска сестра по тепањето на старицата во домот

 

Трета медицинска сестра е уапсена по објавувањето на видеото на кое се гледа е малтретирана старица во Домот за стари лица „Оренда“ во Пеќ, Косово, потврдил Фадиљ Гаши, портпарол на полицијата во Пеќ, пренесува „Репортери“.

– Сега има три лица кои се уапсени. Има три различни кривични дела, првото се товари за кривично дело „напад“, второто за „помагање во кривично дело напад“, а третото за „неовластено снимање“, изјавил Гаши за новинарите.

Портпаролот на полицијата во Пеќ нагласи дека случајот е веќе префрлен во секторот за тешки кривични дела.

По објавувањето на видеото, Основното обвинителство во Пеќ соопшти дека главниот обвинител на Основното обвинителство во Пеќ ангажирал двајца обвинители и ја овластил косовската полиција да ги преземе сите неопходни мерки против лицата инволвирани во делото.

– Двајца обвинители и косовската полиција идентификуваа и приведоа двајца осомничени на местото каде што се сомничи дека е сторено кривично дело и по наредба на обвинител им е одредена мерка притвор до 48 часа, поради сомнение дека сториле кривично дело соизвршителство во кривичното дело „напад“ и кривично дело „помагање при извршување на кривичното дело напад“ – се наведува во соопштението на Обвинителството.

02.11.2022 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега