Се огласи Вучиќ по вонредната седница на Владата: „Не се откажуваме од мирот“

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска присуствуваше на посебна седница на Владата на Србија на покана на премиерката Ана Брнабиќ.

Вучиќ по седницата се огласи на социјалните мрежи.

„Ви благодарам за поканата и што ми дадовте можност да ве информирам за состојбата во која се наоѓа Србија. Не се откажуваме од одговорната политика на мир и стабилност“ – стои во објавата на Инстаграм профилот на „Иднината на Србија“.

Инаку, Вучиќ за денеска најави средба со врвот на СПЦ, а на таа средба ќе присуствува и актуелниот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

05.11.2022 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега